Јокиќ одигра ѕверски, ги достигна Џабар и Чембрлен, ама Денвер е пред – елиминација (ВИДЕО)

Кошаркарите на Феникс санс се на чекор до пласман во финалето од Западната конференцијаКошаркарите на Феникс санс се на чекор до пласман во финалето од Западната конференција, откако ноќеска третпат по ред го совладаа Денвер нагетс (116-102) и веќе на следниот дуел може да ја употребат „метлата“., откако ноќеска третпат по ред го совладаа Денвер нагетс (116-102) и веќе на следниот дуел може да ја употребат „метлата“.

„Сонцата“ константно водеа на овој натпревар, брзо дојдоа до двоцифрена позицива (16-6), која умешно ја одржуваа до самиот крај. „Нагетси“, очигледно физички и емотивно испразнети по маратонската серија со ЛА Клиперс (4-3), постојано се обидуваа да направат пресврт, но тоа не им успеваше. Не им помогна ниту уште една ѕверска партија на Никола Јокиќ.

Српскиот интернационалец средбата ја заврши со 32 поени, 20 скока и 10 асистенции, со што влезе во ептен елитно друштво со учинок каков што пред него имале само две легенди. Актуелниот МВП е само третиот во историјата во плејофот во НБА, по Вилт Чембрлен и Абдул-Карим Џабар, кој реализирал најмалку 30 поени, 20 скока и 10 асистенции.

Во вториот меч од ноќешната НБА-програма, Филаделфија севентисиксерс ја совлада Атланта хокс (127-111) со што поведе со 2-1 во серијата.