Јокиќ и Вучевиќ ги учат Американците како правилно се изговара - Никола (ВИДЕО)

Никола Вучевиќ и Никола Јокиќ се дел од НБА Ол-стар викендот во Шарлот. Двајцата имењаци решија конечно да им кажат на Американците како правилно да го изговараат нивното име. 

Американците постојано погрешко го акцентираат името Никола, а Вучевиќ веќе подолго време се откажал од намерата да ги поправа Американците при изговорот на името. Јокиќ вели дека нема намера да ги поправа Американците кога погрешно го изговараат неговото име. 

„Не сум овде да ве поправам“, кажа низ насмевка Јокиќ.