Јокиќ го малтретира Сакраменто – на два меча му даде 69 поени (ВИДЕО)
Клучна беше последната четвртина која шампионот од 2023 година ја доби со 37-26 и со тоа го скрши отпорот на мотивираниот противник. Повторно прво име на мечот беше Никола Јокиќ кој постигна 35 поени, 15 скока и 7 асистенции. На двата натпревара против Сакраменто оваа сезона, Србинот постигна вкупно 69 поени и буквално им создаде кошмари на кошаркарите на тимот од Калифорнија.
Кај Кингс, најефикасен беше Јубанкс со 19 поени, а Расел Вестбрук за малку не дојде до нов трипл дабл бидејќи мечот го заврши со 14 поени, 11 асистенции и 8 скока.
Денвер останува на втората позиција во Западната конференција, зад Оклахома Сити Тандер, а со ист биланс (8/2) како Сан Антонио. Сакраменто е далеку од плејоф зоната, се наоѓа на претпоследното место на Западот со само три победи на 11 натпревари.
РЕЗУЛТАТИ
Бруклин – Торонто 109-119
Њујорк – Мемфис 133-120
Оклахома – Голден Стејт 126-102
Филаделфија – Бостон 102-100
Јута – Индијана 152-128
Сакраменто – Денвер 108-122