Јокиќ ги насмеа сите на пресот: Искрено, не знам ни што ме праша (ВИДЕО)

Еден од најдобрите кошаркари на Денвер нагетс имаше добар меч против Лос Анџелес лејкерс, но тоа не беше доволно да се изборат барем за уште еден меч, откако беа поразени со 107-117 и елиминирани од финалето на Западот.

Јокиќ одговараше на прашањата на новинарите на прес-конференцијата, а во еден момент ги насмеа сите кога кажа дека не може да се сети што го прашал новинарот.

„Тоа е нешто што ќе го паметиме цел живот. Имаме одлична екипа, се боревме до крајот. Ни сега не сакавме да се откажеме, но едноставно тие беа подобри. Леброн беше фантастичен, а Дејвис постигна многу поени... Искрено, не знам ни што ме праша... А, да, што носам со себе од тука. Можам да кажам дека носам одлично искуство. Не треба никогаш да се откажеме и треба да се бориме до крајот“, одговори Јокиќ.