Јокиќ ептен опуштен во Србија - „уловен“ со чаша вино и непозната девојка во прегратка (ФОТО)

Еден од најдобрите центри во НБА во моментов, Никола Јокиќ, паузата помеѓу две сезони ја минува во Србија, каде што често се препушта на ноќни забави на кои секогаш е во центарот на вниманието, па и цел на „папараци фотографии“.

Така беше и деновиве, кога ѕвездата на Денвер Нагетс беше „уловен“ со чаша вино и со непозната девојка во прегратка. Но, дека ништо не е драматично покажува фактот дека „фотката“ на социјалните мрежи беше споделена од неговата девојка, Наталија Маќешиќ.

Но и тоа беше доволно Јокиќ да се најде на страниците на таблоидните медиуми во Србија, но и во САД.