Јокиќ „диригираше“ во победата на Денвер, Попович му одржа лекција на Дончиќ

Денвер Нагетс одиграа фантастичен тимски натпревар и со вкупно 40 асистенции ја прегазија Минесота Тимверболвс со 133-107, Сан Антонио Спарс славеше над Далас со 112-105, а Словенецот Лука Дончиќ го одигра еден од најслабите натпревари сезонава.

Фантастичниот Денвер до врв го наполни кошот на Минесота, ова беше нивни прв натпревар со 40 асистенции по шест години, Дончиќ „дигириаше“ на теренот со 18 поени, осум скокови и седум асистенции, Џамал Мареј поентерски беше најрасположен со 30 поени, па победата за домашниот тим беше неизбежна. Ова беше слатка одмазда на Денвер, ако се знае дека токму Минесота, лани ги скрати нивните надежи за плеј-оф. Сега избраниците на Мајк Мелоун сигурно ќе играат во ПО, но само прашање е од која позиција, каснат една победа за актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс.

Спарс оствари важна победа против Маверикс. Двоецот Демар Дерозан, Ламаркус Олдриџ одигра фантастичен натпреар. Крилото мечот го заврши со 33 поени, додека високиот играч додаде 28. Со оваа победа избраниците на Грег Попович се вратија на шестата позиција. Иако мечот го добија само со шест разлика, Далас немаше многу шанси, бидејки Дончиќ одигра слаб меч. Натпреварот го заврши со 12 поени, а немаше дадено кош во првото полувреме. А, освен тоа имаше и девет загубени топки.

Конечно светлина виде и Лос Анџелес Лејкерс, по пет порази во низа, „езерџиите“ конечно славеа победа на гостувањето кај Чикаго Булс, иако нема ништо посебно да им донесе на табелата. Леброн Џејмс ги презема работите во свои раце, па со 36 поени конечно донесе победа за еден од најтрофејните тимови во НБА.

Останати резултати
Индијана-Њујорк 103-98
Филаделфија-Кливленд 106-99
Њу Орлеанс-Милвоки 113-130
Клиперс-Портгланд 104-125