Јокиќ блеска, ама Денвер губи, Дончиќ се измори, а Бруклин продолжува да – гази (ВИДЕО)

Српскиот кошаркарски интернационалец, Никола Јокиќ, одигра уште една одлична индивидуална партија, која, за жал, не беше крунисана со победа на неговиот Денвер нагетс, кој ноќеска загуби во пресметката со Вашингтон визардс (110-112).

Еден од најдобрите центри во НБА во моментов средбата ја заврши со 24 поени, 11 скока и седум асистенции, но ниту тоа не беше доволно „грумењата“ да дојдат до триумф. Неговите соиграчи одиграа под сите очекувања, а најдобра слика за ужасот на Денвер е последниот напад во кој не реализираа контранапад „четири на еден“, односно наместо лесно да положат за изедначување, сите се стрчаа да се наместат за шут за тројка. Шутна ветеранот Кампацо и промаши, за скор 17-15 за тимот од Колорадо, додека „волшебниците“ сега имаа учинок 12-18.

Кошаркарите на Филаделфија лесно и убедливо го совладаа Далас маверикс (111-97), во меч во кој најдобриот противнички играч, Лука Дончиќ, делуваше преморено. Тоа го искористија домашните, каде штонајдобри беа Џоел Ембид со 23 поени и 10 скока и Бен Симонс со 15 поени. Словенецот средбата ја заврши со, за него, скромни 19 поени.

Екипата на Бруклин нетс дојде и до осмата победа во низа и тоа во дуелот со Орландо меџик (129-92). Кевин Дурент повторно не играше, но тоа не се забележа на теренот. Кајри Ирвинг со 27 поени беше најпрецизен кај „мрежичките“, додека Џејмс Харден дополни со 20 поени.

РЕЗУЛТАТИ: Филаделфија-Далас 111-97, Бруклин-Орландо 129-92, Њујорк-Сакраменто 140-121, Мемфис-ЛА Клиперс 122-94, Денвер-Вашингтон 110-112.