Јокиќ беше скршен по болниот пораз од Лејкерс: Ова ни се случи и со Клиперс...

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ се обиде да ги сокрие емоциите на прес-конференцијата за медиумите, но можеше да се заклучи по неговите реакции дека тешко му паднал поразот од Лос Анџелес Лејкерс во последната секунда.

Јокиќ беше најдобар кошаркар кај Денвер, а на пресот не беше расположен премногу да зборува и се трудеше рамнодушно да одговара на прашањата на новинарите.

„Вакво нешто се случи и претходно, во серијата против Клиперс во третиот меч. Ја имавме победата во наши раце, но загубивме. Тие имаат двајца добри кошаркари. Леброн е еден од нив и Ентони Дејвис, кој е најдобар стрелец. Мора да се трудиме во следните натпревари да ги победиме. Ние сме аутсајдери и мора да се бориме. Водевме со 15-16 разлика и можевме да издржиме, но...“, вели Јокиќ.