„Јас сум виновен за поразот, играв како – го*но!“

Бем Адебајо, кошаркарот кој ја има „бананата“ на годината кога пред десет дена го блокираше Џејсон Тејтум при забивање со кое можеше да донесе победа на својот тим, изрази огромно незадоволство од сопствената игра во ноќешниот пораз на Мајами хит во пресметката со Бостон селтикс (108-121).

„Жешките“ ја пропуштија првата топка за влез во финалето во НБА, па сега резултатот во победи е 3-2.

„Одиграв како го*но. Ја презимам кривицата, моите соиграчи и тренерот не се виновни ништо за поразот. Промашив премногу шутеви, од кои морав да погодам поголем дел. Згора на тоа, не бев добар во одбрана, а тоа ми е најголема грешка. Не комуницирав доволно, мораше да бидам подобар“, изјави Адебајо.

Центарот на Мајами на теренот мина 38 минути со учинок од 13 поени, осум асистенции и исто толку скокови.