Јанис го нокаутираше Харден - со топка! (ВИДЕО)

Јанис Антетокумпо толку многу го сака трофејот МВП на НБА-лигата, што реши да почне да ја „елиминира“ конкуренцијата. 

Центарот на Милвоки сакаше да додаде една топка на другата страна на теренот и ја упати многу силно директно во главата на Џејмс Харден од Хјустон. Актуелниот МВП од ланската сезона доби вистински нокаут, но за среќа мина без посериозна повреда.