Јанг постигна рекорд во кариерата: Го почести Мајами со 50 поени (ВИДЕО)

По четиридневна пауза по Ол-стар викендот, утринава се врати НБА-лигата со шест натпревари. 

Тре Јанг од Атланта блескаше и постигна 50 поени во победата на својот од 129-124 против Мајами. За младиот кошаркар ова беше рекорд во младата НБА-кариера, бидејќи ја игра само втората сезона. Блескаше во последниот период кога постигна 20 поени. Уште еден ол-стар играч блесна на овој натпревар и тоа од противничкиот табор, Бам Адебајо, кој постигна 28 поени и 19 скока.

Најдобриот тим во лигата, Милвоки пред Ол-старот запиша пораз од Индијана, но утринава го декласираше Детроит на гостински терен со 126-106. Јанис Адетокумпо постигна 33 поени, а забележа и 16 скока, Крис Мидлтон реализираше 28, додека Ерик Бледсо 19. 

Филаделфија мораше добро да се намачи за да го победи Бруклин, кој до крајот на сезоната ќе биде без Кајри Ирвинг поради повреда на рамото. Сиксерс славеа со 112-104 и тоа по едно продолжение. Жоел Ембид беше најдобар кај домашните со 39 поени и 16 скока, додека Карис Леверт ги предводеше Нетс со 25 поени.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Голден Стејт - Хјустон 105-135
Сакраменто - Мемфис 129-125
Чикаго - Шарлот 93-103