Историја: Клиперси надополнија минус 35 со чудесен последен шут за – четири поени (ВИДЕО)

Кошаркарите на ЛА Клиперс го направија еден од најголемите пресврти во последно време во НБА, откако ноќеска, како гости, го совладаа Вашингтон визардс (116-115) иако во еден момент имаа негатива од дури 35 поени.

Домаќинот играше моќно во првото полувреме и пред крајот на втората четвртина поведе со огромни 66-31, што беше знак дека лесно ќе дојде до триумфот. Но, така не мислеа „клиперси“, кои во третиот период ја преполовија негативата (73-96), а во последниот направија целосен пресврт иако на осум секунди до крајот имаа минус шест (109-115).

Најзаслужен за тоа излезе Лук Кенард, кој прво постигна луда тројка од десет метри, за потоа по добра дефанзива при изведувањето на противникот, да постигне уште една тројка на нецели две секунди до крајот и тоа под прекршок, за што доби дополнително слободно фрлање. Шутот за еден поен го реализира, со што го комплетира историскиот пресврт во Вашингтон.

РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Денвер 105-110, Филаделфија – Њу Орлеанс 117-107, Торонто – Шарлот 125-113, Вашингтон – ЛА Клиперс 115-116, Бостон – Сакраменто 128-75, Бруклин – ЛА Лејкерс 96-106, Хјустон – Сан Антонио 104-134, Голден Стејт – Далас 130-92, Портланд – Минесота 107-109.