Има само 18 години, а веќе забива како - Мајкл Џордан! (ВИДЕО)

Членот на Дјук универзитетот, Зион Вилијамс, важи за еден од најперспективните американски кошаркари во моментов, кој деновиве е во центар на вниманието на светската јавност поради своето атрактивно забивање кое е идентично на тоа на - Мајкл Џордан.

Овој 18-годишник на еден од тренинзите на својот колеџ, кој секоја година влегува како еден од фаворитите за титула во НЦАА-лигата, ја копираше легендарната атракција на „Летечкиот Мајкл“ одразувајќи се точно од линијата за слободни фрлања. За ова доби огромен аплауз од своите соиграчи, но и илјадници воодушевувачки коментари на социјалните мрежи.

Ова не е првпат Вилијамс да ги копира забивањата на Џордан, поради што уште сега му предвидуваат блескава кариера во НБА-лигата.