И тоа можело: Стеф Кари загуби во шутирањето тројки на Олстарот! (ВИДЕО)

Кошаркарот на Бруклин нетс, Џо Харис, е победник во годинешното издание од натпреварот во шутирање тројки на олстар-викендот во Шарлот, откако во големото финале, релативно неочекувано, го совлада, меѓу другите и најдобриот шутер во лигата, Стеф Кари од Голден стејт вориорс.

Триумфот го обезбеди со 26 поени во финалната рунда, во која Кари имаше 24, а Бади Хилд од Сакраменто кингс само 19. Ѕвездата на „воините“ претходно имаше учинок од 27 поени со беспрекорна реализација на последните десет топки, но тоа не успеа да го повтори во битката за трофејот.