Хорор-повреда на „Ѕверот од БиХ“, соиграчите се фаќаа за глава! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Портланд трејлблејзерс триумфираа во највозбудливиот меч од синоќешната програма во НБА и тоа по две продолженија во пресметката со Бруклин нетс (148-144), но мечот нема да се памети по ова туку по стравичната повреда на Босанецот во победничкиот тим, Јусуф Нуркиќ.

„Ѕверот од БиХ“ на две минути до крајот на вториот екстра-период се обиде да оствари офанзивен скок, но незгодно доскокна и заврши на подот. Тој ја скрши левата нога, а нејзиното „пукање“ се слушна дури и во телевизискиот пренос. Колку беше стравична глетката најдобро покажуваат реакциите на неговите соиграчи, кои се држеа за главата не верувајќи дека некому може да му се случи толку тешка повреда.

За Нуркиќ сезоната дефинитивно е завршена, а сигурно е дека пред него е долга пауза.