Хорор фотографии од хеликоптерската несреќа во која загина Коби Брајант

Американските медиуми објавија фотографии кои настанале веднаш по падот на хеликоптерот во кој загина легендарниот кошаркар Коби Брајант, заедно со уште осум други лица.

Стравичен поглед, голем пламен и никакви шанси за спас. Краток опис за тоа што забележал велосипедист на неговиот мобилен телефон неколку минути по несреќата.

Велосипедистот кој прв пристигнал на местото на несреќата, фотографирал само неколку минути откако хеликоптерот почнал да гори, пренесува „TMЗ“.

На фотографиите се прикажани и остатоци од хеликоптер, што ги чуваат локалните полицајци за да не крадат и потоа продаваат за огромни пари на црниот пазар.