Хјустон ќе го повлече дресот на Харден

Хјустон рокетс планира да го повлече од употреба дресот на Џејмс Харден со бројот 13, а тоа го потврди газдата на тимот.

Харден и Хјустон не се разделија на најдобар начин затоа што „брадата“ почна да прави проблеми и бараше трејд во Бруклин и тоа на крајот му успеа.

„Харден секогаш ќе биде дел од нас. Секако дека ќе го повлечеме неговиот дрес. Ги направи моите први три години тука незаборавни. Имам неверојатни спомени со него“, вели првиот човек на тимот.