Хјустон и Јута со сигурни победи против Минесота и Оклахома (ВИДЕО)

Вчера беа одиграни два натпревари во плејоф-серијата во НБА лигата во кои Хјустон рокетс и Јута џез победија и стигнаа до 3-1 против своите противници, Минесота тимбервулвс, односно Оклахома тандерс.

Хјустон на гостувањето кај Минесота славеше со 119-100, а по многу неизвесно прво полувреме (49-50), прашањето за победникот беше решено во третата четвртина во која Хјустон беа неверојатни и направија разлика од 30 поени.

Најефикасен играч на натпреварот беше Џејмс Харден со 36 поени, три асистенции и четири скока, а го следеше Крис Пол со 25 поени, шест скокови и шест асистенции.

Рутинска победа имаше и Јута, која на свој терен беше подобра од Оклахома со 113-96. Домаќините по првата четвртина губеа со 24-30, но потоа направија пресврт и стигнаа во водство од 58-52.

Најдобар кошаркар кај Јута беше Мичел со 33 постигнати поени додека кај Оклахома Џорџ постигна 32, а Вестбрук имаше 23 поени и 14 скокови.