Хјустон доживеа дебакл пред стартот на плејофот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Хјустон Рокитс неочекувано доживеаа дебакл со 38 разлика во синоќешната пресметка со Филаделфија сисксерс, откако загубија во последното коло во регуларниот дел до 96-134.

Иако Џејмс Харден даде 27 поени, имаше 10 асистенции и три скока, тоа премногу не помогна на тимот на Мајкд Д'Антони, па Филаделфија им удри силна шлаканица за освестување пред да почне разигрувањето и пресметката во плејофот со Оклакома Тандер, која синоќа во интересен меч загуби од ЛА Клиперс со 103-107.

Филаделфија мечот го доби од почеток до крај, а најдобар поединец беше Тобајас Херис, кој постигна 18 поени и имаше седум скокови, а Алек Буркс додаде 17 поени, додека Нето и Џоел Ембид со по 14.

Филаделфија на истокот во плеј-офот ќе игра против Бостон селтикс.

Во другите два меча, Торонто го победи Денвер со 117-109, а Индијана славеше над Мајами со 109-102.