Хендикеп за Минесота, Батлер мора да оди на операција!

Бекот на Минесота, Џими Батлер мора да оди на операција поради повредата на коленото на десната нога, која ја доби во мечот против Хјустон.

Од Минесота не потврдуваат колку долго ќе паузира кошаркарот, но се очекува во најдобар случај тоа да биде помеѓу четири и шест недели.

Тоа значи дека тој би требало да се врати на крајот на регуларниот дел или на стартот на плејофот, доколку Минесота избори пласман.

Моментално се во добра позиција, поточно на четвртото место на Западот со 36 победи и 26 порази.

Освојувачот на златен медал од Олимписките игри во Рио 2016 година е еден од најважните играчи на тимот, па во просек постигнува 22,2 поени, 5,4 скокови, 5 асистенции и 1,9 украдени топки.