Хауард имал желба да се врати во Лејкерс, но добил едно големо - не!

Поранешниот најдобар центар во НБА-лигата, Двајт Хауард се понуди летово да се врати на својата поранешна екипа Лос Анџелес Лејкерс.

Хауард, кој за Лејкерс играше во сезоната 2012/13, потоа доживеа пад во кариерата, но од летово сакал да се врати во Лос Анџелес, од кадешто добил негативен одговор.

Да потсетиме, Хауард сега е нов член на Мемфис, а претходно настапуваше и за Хјустон, Атланта, Шарлот и Вашингтон.