Харден за историја: НБА има нов „Крал Џејмс“, ама не е Леброн (ФОТО)

Една од најголемите ѕвезди во НБА-лигата, Џејмс Харден синоќа против Кливленд (141-113) одигра уште еден фантастичен натпревар.

Кливленд е еден од најлошите тимови сезонава, па тоа му овозможи на Харден да стигне до нов трипл-дабл, откако постигна 43 поени, 12 асистенции и 10 скокови.

Сепак, интересно е тоа што го направи само за неверојатни 29 минути и 34 секунди игра. Харден така стана првиот кошаркар кој успеал да стигне до трипл-дабл со најмалку 40 поени за помалку од половина час на теренот.

Освен тоа, со споменатите 43 поени, Харден стигна на просек од 40,5 поени на последните 15 натпревари. Освен него, тоа во 1976 година во НБА му успеа само на Коби Брајант.