Харден во хуманитарна мисија: Ѕвездата на Хјустон делеше пари на Бахамите (ВИДЕО)

Џејмс Харден не одговори на повикот на Грег Попович за Мундијалот, а тоа е голем удар за Американците, но затоа ги израдува сиромашните луѓе на Бахамите при нивна посета.

Ѕвездата на Хјустон во друштво на пријателите беше на Бахамите, а реши да подари 10.000 долари на една жена, кој со децата бараше храна.

Постои и видео од хуманиот потег на одличниот кошаркар, кој жената ќе го памети уште долго.