Харден постигна 47 поени во триумфот на Хјустон, Голден Стејт подобар од Мемфис

Хјустон Рокетс ја запишаа и четвртата победа по ред, откако на домашен терен ја совладаа Јута џез со 102-97 и сега имаат резултат од 15 победи и 14 порази, а главна ѕвезда на вечерта беше Џејсм Харден.

Хјустон го контролираше мечот постојано, но никого не успеа да направи посериозна разлика и да му избега на противникот за мирен финиш на мечот. Фантастичен меч одигра Харден со 47 поени, шест скокови и пет асистенции. Во возбудливата завршница кошаркарот погоди две тројки, како и таа за конечниот резултат на 13 секунди до крајот.

Голден Стејт лесно го победи Мемфис со 110-93 на домашен паркет, а Стеф Кари ја премина границата од 15.000 поени во кариерата и го заврши мечот со 20 поени. Сепак, најефикасен беше Кевин Дурант со 23 поени, а Клеј Томпсон постигна 16.

Останати резултати:

Детроит – Милвоки 104-107
Њујорк – Феникс 110-128
Минесота – Сакраменто 132-105
Оклахома – Чикаго 121-96
Сан Антонио – Филаделфија 123-96
Лос Анџелес клиперс – Портланд 127-131