Харден одигра за историја, Торонто најде лек за Дончиќ, а Г. Стејт го шокира првакот (ВИДЕО)

Празничниот ден во САД, каде што се прославуваше денот на борецот за правата на Афро-Американците, Мартин Лутер-Кинг, донесе повеќе интересни пресметки во НБА во кои предничеше историската партија на Џејмс Харден во новиот дрес на Бруклин нетс.

„Мрежичките“ беа подобри во дербито против Милвоки бакс (125-123), меч во кој популарниот „Брада“ постигна 34 поени, со 12 асистенции и шест скока. Со тоа влезе во историјата како прв кошаркар кој по направен трејд постигнувал најмалку 30 поени и 12 асистенции на два меча по ред за новиот клуб. Кевин Дурент му помогна со 30 поени, со што „нетси“ покажаа огромен квалитет дури и без Кајри Ирвинг во тимот.

Кошаркарите на Торонто репторс успеаја да го сопрат Лука Дончиќ што им донесе убедлив триумф во пресметката со Далас маверикс (116-93). Словенецот средбата ја заврши со, за него, прескромни 15 поени, заедно со девет асистенции и осум скока. Претпоследниот НБА-шампион почна со ептен група одбрана врз Дончиќ, што донесе огромна нервоза кај тренерот Рик Карлајл, кој беше исклучен по само три минути од средбата.

Изненадувачки пораз претпе и актуелниот првак ЛА Лејкерс и тоа на домашен терен во дуелот со Голден стект вориорс (113-115). „Воините“ триумфираа по негатива од 14 поени во последната четвртина, а најзаслужен за тоа беше Стеф Кари со 26 поени. Леброн Џејмс средбата ја заврши со 19 поени, а промаши шут за тројка со звукот на сирената, кој беше за победа на „езерџиите“.

РЕЗУЛТАТИ: Њујорк – Орландо 91-84, Атланта – Минесота 108-97, Портланд – С. Антонио 104-125, Мемфис – Феникс 108-104, Бруклин – Милвоки 125-123, Торонто – Далас 116-93, Чикаго – Хјустон 125-120, Мајами – Детроит 113-107, ЛА Лејкерс – Голден Стејт 113-115.