Харден ниту со 45 поени не му помогна на Хјустон, дабл-дабл на Јокиќ против Клиперс

Индијана славеше против Хјустон со 108-104 во претпоследниот меч во НБА-лигата и така ги задржа шансите за влез во плејофот.

Хјустон го запиша вториот пораз по ред ии сега со резултат од 44 победи и 27 порази се на четвртото место на табелата на Западот пред Оклахома, Јута и Далас.

Екипата од Тексас одлично го почна мечот и набрзо имаа водство од 33-29, но како минуваше времето, така Индијана ги преземаше работите во своја корист.

На полувреме Индијана водеше со 51-50, а до крајот се водеше тесна борба и заслужено успеа да слави со 108-104.

Најдобар кај поразениот тим беше Џејмс Харден со 45 поени, 17 скокови и девет асистенции, додека кај индијана се покажаа Холидеј и Тарнер со по 18 поени.

Клиперс беше подобар од Денвер со 124-111, а Пол Џорџ го заврши мечот со 27 поени и четири скокови, додека во редовите на Денвер најдобар беше Грант со 25 поени, а го следеше Никола Јокиќ со 17 поени и 13 асистенции.

На останатите натпревари Торонто славеше против Филаделфија со 125-121, а Оклахома беше подобра од Мајами со 116-115.