Харден и Дурент нанижаа по 40 поени, а и двајцата загубија (ВИДЕО)

Двете екипи кои се главни фаворити за титулата во НБА сезонава, Голден стејт и Хјустон, доживеаја порази во текот на изминатава ноќ.

Воините загубија убедливо од Портланд со 108-125, што беше деветта победа за тимот од Орегон.

Најдолгата серија на Портланд од 2014 година започна токму против Хјустон, со победата пред Ол-стар викендот. Вчеравечер ги предводеше Си Џеј Мекалум со 20 поени, а Демијен Лилард уфрли 28.

Во редовите на Голден стејт, пак, кој беше ослабен поради неиграњето на Стеф Кари и Андреа Игудала, блескаше Кевин Дурент со 40 постигнати поени, но ниту тоа не помогна.

Го следеше Клеј Томпсон со 25, а Дрејмонд Грин уфрли седум, имаше 12 скока, шест асистенции и три украдени топки.

Што се однесува до лидерот на западот, Хјустон загуби по првпат од 26 јануари и дуелот со Њу Орлеанс. Ниту нив не им помогнаа 40-те поени на Џејмс Харден.

Тимот од Тексас постигна најмал број тројки на еден натпревар сезонава (9/27), а во првиот дел погодија само една.

Репторси ги предводеше Кајл Лаури со 30 поени и шест асистенции, а одлично го следеше и Демар Дерозан со 23 поени и седум скока.

Јонас Валанчунас уфрли 14, а по 11 постигнаа Серж Ибака и Фред Ванвлит.

Резултати:

Детроит - Чикаго 99-83
Индијана - Атланта 112-87
Торонто - Хјустон 108-105
Мемфис - Јута 78-95
Милвоки - Њујорк 120-112
Денвер - Лејкерс 125-116
Портланд - Голден стејт 125-108
Сакраменто - Орландо 94-88