Грег Попович испиша нова историја во НБА-лигата

Тренерот на Сан Антонио спарс по синоќешниот триумф над Феникс со 111-86 дојде до својата 1.211 победа во кариерата во НБА-лигата. 

Предводникот на Спарс се искачи на четвртото место на вечната листа на тренери со највеќе победи во најквалитетната кошаркарска лига во светот. Тој го мина поранешниот тренер на Мајами и ЛА Лејкерс, Пет Рајли, а пред него сега има само тројца тренери. Прв засега е Дон Нелсон со 1.335 победи, потоа следува Лени Вилкенс 1.332 и Џери Слоун 1.221 победи.

Попович со тимот на Сан Антонио досега има освоено пет шампионски титули и три пати беше прогласуван за тренер на годината во НБА-лигата.

РЕЗУЛТАТИ
Хјустон - Портланд 111-104
(Харден 29 п. ; Лилард 34 п.)

Сан Антонио - Феникс 111-86
(Форбс 24 п. ; Ворен 23 п.)

ЛА Клиперс - Торонто 99-123
(Марјановиќ 18 п. ; Ибака 25 п.)