Голема трампа на повидок во НБА-лигата: Ленард си најде нов клуб!?

Очигледно Кави Ленард успеа да ја оствари својата цел и да го натера Сан Антонио да му најде нов клуб.

Ленард, најдобриот играч на Сан Антонио, во последните месеци беше незадоволен со односот на клубот кон него.

Поголемиот дел од сезоната го пропушти поради повреда и наводно на управата на клубот им соопштил дека не планира да игра ниту следната сезона.

Американските медиуми пишуваат дека Ленард кариерата би можел да ја продолжи во Торонто, а како замена за него во Сан Антонио ќе пристигне Демар ДеРозан.