Голден Стејт во дербито подобар од Хјустон, Оклахома го совлада Бруклин (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден Стејт вориорс во возбудлив меч го совладаа Хјустон рокетс во гости со 106-104.

Во мечот постојано Вориорс имаа двоцифрена предност, а во финишот домаќините успеваа да ја намалат негативата. Сепак, на крајот Хјустон немаше шанси за целосен пресврт.

Голден стејт до триумф го предводеше Клеј Томпсон со 30 постигнати поени, шест скокови и две асистенции, додека кај Хјустон најдобар беше Џејмс Харден со 29 поени, 10 асистенции и три скокови.

Оклахома славеше против Бруклин со 109-96. А, повторно одличен беше Расел Вестбрук, кој имаше трипл-дабл. Тој постигна 31 поен, 12 скокови и 11 асистенции, а него го следеше Пол Џорџ со 25 поени и девет скокови.

Останати резултати:

Вашингтон – Орландо 100-90
Атланта – Мемфис 132-111
Мајами – Детроит 108-74
Феникс – Јута 97-114