Голден Стејт со пресврт славеше против Портланд за 2-0 (ВИДЕО)

Голден Стејт не дозволи изненадување на домашен паркет и поведе со 2-0 против Портланд во финалната серија на Западната конференција во НБА-лигата. 

Вориорс се вратија од негатива од 15 поени на полувремето и финишираа со серија од 14-3 за да слават со 114-111 против Блејзерс. Стеф Кари ги предводеше домашните со 37 поени, Клеј Томсон постигна 24, додека Дрејмонд Грин реализираше дабл-дабл од 16 поени и 10 скока. 

Демијан Лилард со 23 поени беше најефикасен кај Портланд, а придодаде и 10 асистенции, додека Си Џеј Мекалум постигна 22 поени. 

Следните два натпревари се играат во Портланд, а и тогаш Голден Стејт повторно ќе биде без Кевин Дурент и без Демаркус Казинс.