Голден стејт продолжи да гази, Оклахома „на нозе“ по повредата на Вестбрук (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден стејт ја продолжија одличната серија во новата сезона и ја забележаа десеттата победа на 11-от натпревар.

Воините одиграа онолку колку што им беше потребно против Мемфис и на крајот славеа со 117-101. Гостите добро почнаа и држеа резултатски приклучок, но домаќинот го засили темпото во третата четвртина која ја доби со 34-15 и практично тука го реши прашање околу победникот.

Клеј Томпсон беше најдобар во победничкиот табор со 27 поени, а Стеф Кари постигна 19. На спротивната страна, Дерон Брукс постигна 18 поени.

По првите четири натпревари навивачите на Оклахома Сити Тандер помислија дека оваа година нема да го гледаат нивниот омилен тим во плејофот, но Расел Вестбрук се врати на терените и Тандер почнаа да редат победи.

Во третата четвртина Расел Вестбрук скокна по топката заедно со Ентони Дејвис, но се приземји лошо и го свитка зглобот на левата нога, по што мораше да ја напушти играта.

Расел Вестбрук и понатаму се наоѓа во период кога игра со помала минутажа, за да се избегне потенцијално влошување на повредата која го мачеше на почетокот на сезоната. Сепак, вчера му беа доволни 25 минути за да уфрли 17 поени и 9 асистенции, па со тоа му помогна на неговиот тим да дојде до победа. Најдобар поентер кај домаќините беше Пол Џорџ со 23 поени, додека Денис Шродер од клупата имаше 22 поени.

Хјустон по слабиот старт на сезоната врза три победи во низа, откако „ракетите“ синоќа славеа на гостувањето против Индијана со 94-98. Пресудна беше последната четвртина што Хјустон ја доби со 19-29, направи целосен пресврт и стигна до триумф. Најефикасен кај „ракетите“ беше Џејмс Харден со 28 поени, меѓу нив и тројката на 34 секунди на крајот со која беше решен победникот на овој интересен натпревар.    

Резултати НБА:

Детроит – Мајами 115-120 (по прод.)
Индијана – Хјустон 94-98
Орландо – Кливленд 102-100
Њујорк – Чикаго 115-116 (по прод.)
Оклахома сити – Њу Орлеанс 122-116
Денвер – Бостон 115-107
Јута – Торонто 111-124
Голден стејт – Мемфис 117-101
ЛА клиперс – Минесота 120-109