Голден Стејт повторно загуби, Дончиќ беше фантастичен против Атланта

Синоќа беа одиграни неколку интересни натпревари во НБА-лигата, а во еден од нив актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс загуби на домашен терен од Торонто Репторс, кои играа без Каваи Ленар.

Торонто славеше со 113-93, а до триумф ги предводеше Кајл Лаури со 23 поени и 12 асистенции, додека кај домаќините Кевин Дурант беше најдобар со 30 поени, а Стеф Кари постигна 10 поени.

Далас маверикс стигна до нов триумф против Атланта хокс, а фантастичен беше Лука Дончиќ, кој постигна 24 поени и 10 скокови.

Њу Орлеанс ја совлада Оклахома, а во триумфот најдобар беше Ентони Дејвис, кој постигна дури 44 поени и 18 скокови.

Одлична партија одиграа и Сакраменто против Минесота, која ја совладаа со 141-130. Одличен беше српскиот кошаркар Немања Бјелица со 25 постигнати поени, а кај гостите добар беше Дерик Роуз со 20 поени.

Останати резултати:

Шарлот - Детроит 108-107
Кливленд - Њујорк 113-106
Индијана - Милвоки 113-97
Филаделфија – Бруклин 124-127
Вашингтон – Бостон 125-130
Мемфис - Портланд 92-83
Њу Орлеанс - Оклахома 118-114
Јута - Мајами 111-84