Голден Стејт е господски клуб: Дурент и Томпсон ќе добијат максимални договори! 

„ЕСПН“ пишува дека Голден Стејт вориорс е подготвен да им понуди петгодишни максимални договори за Кевин Дурант и Клеј Томпсон, кои плејофот го завршија со тешки повреди.

Дурант по повредата на листот се обиде да им помогне на соиграчите во петтиот меч од финалето во НБА, но тогаш ја повреди Ахиловата тетива што значи и пропуштање на речиси цела наредна сезона.

За заминувањето на Томпсон, кој се наоѓа во слична ситуација за договорот како и Дурант, се шпекулираше помалку, но најверојатно и тој ќе добие максимален договор.

„Колку што разбрав во договорот со луѓето кои се блиски до Вориорс, нивна намера е да продолжат со тимот и да им понудат на Дурант и Томпсон максимални петгодишни договори“, вели новинарот на „ЕСПН“, Брајан Виндхорс.