Газдата на ЛА Клиперс донира 25 милиони долари за борбата против Ковид-19

Коронавирусот направи огромни штети во светот на спортот, па затоа бројни донации од милијардери влагаат со сериозни суми во борбата против епидемијата која сериозно пркоси низ светот.

Меѓу нив е и сопственикот на Лос Анџелес Клиперс и поранешен директор во Мајкрософт, Стив Балмер, кој донира 25 милиони долари за борба против коронавирусот.

Парите ќе бидат распределени во Сиетл, во Лос Анџелес и во Мичиген, а 10 милиони долари се наменети  за Универзитетот во Вашингтон на кој се работи на вакцина за Ковид-19.

Богатството на Балмер според Форбс е проценето на 57,3 милијарди долари. Тој неодамна најави дека ќе ја купи старата сала на Лејкерси, познатиот „Форум“ и земјиштето во околината за изградба на нов дом за неговите Клиперси за што плати 400 милиони долари во готовина.