Гасол побарал трејд од Сан Антонио, но никој не сакал да го ангажира!

Искусниот шпански кошаркар Пол Гасол, наводно, побарал трејд од Сан Антонио спарс, но очигледно никој не сакал да го ангажира.

„ЕСПН“ пишува дека Гасол од управата на Спарс побарал да го трејдуваат пред крајот на преодниот рок, но Сан Антонио не пронашол негова замена, а исто така никој не сакал да го ангажира шпанскиот кошаркар.

Како причина се наведуваат неговите години, но и тоа што има голем договор, кој изнесува 16 милиони долари за оваа и наредната сезона.

Најверојатно Гасол ќе добие место во некој тим наредното лето, а неговиот брат Марк претходно дозна дека ќе игра во Торонто репторс.