Флорентино Перез барал од НБА да го вклучат Реал Мадрид во источната конференција!?

Претседателот на најголемиот спортски колектив Реал Мадрид, Флорентино Перез очигледно има големи планови не само за фудбалскиот клуб, туку и за кошаркарскиот, па побарал од комесарот на американската професионална лига НБА, Адам Силвер да ги вклучи „кралевите“ во најсилната лига на светот.

Перез веќе имал разговори со Силвер за идејата НБА да се прошири кон Европа, па комесарот на НБА изразил подготвеност да се формира европска дивизија на НБА-лигата. Но, проблем е што само Реал Мадрид сакал да игра во НБА. Затоа и Перез побарал од Силвер, да го приклучи „кралскиот клуб“ во источната конференција.

„НБА сака да основа европска дивизија, ама Реал е единствен кој сака да игра. Затоа го замолив комесарот Адам Силвер да не вклучи во нивната источна конференција. Сакаме да бидеме во најдобрата лига на светот, но ни рече дека не можеме сами. Ќе мора да го чекаме остатокот од Европа“, призна Перез.