Феникс ќе прави ремонт: Дурант е прв на листата за „отстрел“

Феникс санс во текот на летото ќе прави голем ремонт на екипата, а еден од кошаркарите кои ќе заминат од клубот е Кевин Дурант.

Новинарот на „ЕСПН“, Брајан Виндхорст објави дека Дурант наскоро ќе биде трејдуван, а за тоа е свесен и самиот кошаркар.

„Не ви треба голема анализа за да откриете дека Феникс ќе се ослободи од Дурант. Не само тоа, тој има уште една година до крајот на договорот. И самиот Дурант знае дека ќе биде трејдуван“, кажа новинарот.