Феникс ја прегази Јута за седми триумф по ред, Чикаго се коцкаше, но ја победи Оклахома (ВИДЕО)

Кошаркарите на Феникс продолжуваат со одличните настапи во најсилната кошаркарска лига, па така минатата ноќ стигнаа до седмата победа по ред откако ја совладаа Јута (115-109), кој играше без Донован Мичел, Руди Гобер и Бојан Богдановиќ.

Гостите во последната четвртина имаа предност од два поени, меѓутоа Феникс со одлична серија од 9-0 го скрши отпорот и стигна до нова победа во НБА-лигата, а најдобар во тимот беше Букер со 33 поени, додека Крис Пол постигна 29 поени, девет скокови и 14 асистенции. На спротивната страна најефикасен беше Кларксон со 22 поени.

Чикаго за малку ќе ја испуштеше победата против Оклахома (111-110), откако имаше 14 поени предност во последните 12 минути, меѓутоа домаќините на 15 секунди пред крајот намалија на само еден поен (107-108).

Најдобар во победничкиот тим беше Никола Вучевиќ со 26 поени, 15 скокови и четири асистенции, додека на спротивната страна најефикасен беше Гилџс-Александер со 31 поен.

На останатите натпревари Кливленд го совлада Њујорк со 95-93, додека Њу Орлеанс беше подобар од Индијана со 117-113.