Феникс го победи Портланд и ги израдува Лејкерс (ВИДЕО)

Феникс славеше тесна победа од 118-117 против Портланд во рамки на НБА-лигата. Девин Букер ги постигна победничките поени за Санс на 2,4 секунди пред крајот на натпреварот. 

Иако на младиот кошаркар не му одеше најдобро на натпреварот, бидејќи имаше 5/17 за шут од игра, сепак на крајот го заврши натпреварот со 18 поени. Крис Пол со 27 поени беше најефикасен кај домашниот тим. Демијан Лилард блескаше за Блејзерс со 41 поен, додека Си Џеј Мекалум имаше 27. 

Овој пораз на Портланд им дава надеж на Лос Анџелес лејкерс дека можат да дојдат до шестото место на табелата во Западната конференција и да го избегнат плеј-ин турнирот. Сепак, за да се случи такво нешто, Лејкерс мораат да победат на последните два натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната, а Портланд да загуби во последното коло од Денвер.

Никола Јокиќ ги предводеше Денвер нагетс до победа од 114-103 на гостувањето кај Минесота. Српскиот центар го заврши натпреварот со 31 поен и 14 скока.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Шарлот - ЛА Клиперс 90-113
Индијана - Милвоки 133-142
Атланта - Орландо 116-93
Мајами - Филаделфија 106-94
Њујорк - Сан Антонио 102-98
Чикаго - Торонто 114-102
Мемфис - Сакраменто 116-110