ФБИ го чува Енес Кантер од можен атентат од турските власти

Енес Кантер поради многуте критики упатени кон претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган е голем непријател на својата татковина. 

Турските власти дури и ги забранија натпреварите на Портланд да одат на телевизија во нивната земја. Кантер не смее да влезе во Турција, а тој самиот вели дека не се чувствува безбедно ниту во било која земја во Европа.

Кошаркарот и неговото семејство постојано се под притисок од турските власти, а Кантер редовно добива смртни закани. На средината од сезоната тој направи трансфер од Њујорк во Портланд, а штом се досели во новиот град веднаш бил повикан на разговор во ФБИ.

Таму добил совети како да се грижи за својата безбедност. ФБИ вградиле и копче за паника во неговиот дом, па ако кошаркарот се чувствува загрозено, агенти и полиција ќе пристигнат во неговиот дом.