Фантастичниот Јокиќ го „примора“ големиот Шек да проговори на – српски јазик (ВИДЕО)

Српскиот кошаркарски репрезентативец, Никола Јокиќ, одигра уште една феноменална партија и со учинок од 41 поен со по пет скока и асистенции беше најзаслужен за триумфот на Денвер нагетс во пресметката со Портланд трејлблејзерс (111-106).

Неговата партија беше толку импресивна, што го „примора“ големиот Шекил О'Нил да проговори на српски јазик во интервјуто по средбата, како своевидно извинување што неодамна му прозборе на руски јазим, мислејќи дека е оваа земја.

„Играш одлично“, рече на српски некогашниот легендарен центар.

По интересниот разговор, Јокиќ на крајот ги научи колегите на О'Нил како на српски јазик да кажат „Шек е луд“.