Ентони Дејвис откри како му соопштил на Леброн за смртта на Коби

Синоќа се одржа комеморацијата во храмот во ЛА Лејкерс во „Стејплс центарот“, во чест на Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и останатите жртви од големата хеликоптерска несреќа што се случи во Лос Анџелес на 26 јануари оваа година.

Целиот свет беше во шок кога американските медиуми објавија дека Коби починал во близина на Лос Анџелес во хеликоптерска несреќа. Многумина се надеваа дека станува збор за лажна вест, но за жал неколку часа подоцна полицијата ја потврди смртта на легендарниот кошаркар и осум други лица, меѓу кои и неговата ќерка Џиана.

Утре ќе биде точно еден месец откако почина Коби, а ЛА Лејкерс се сети на тој фатален ден. „Езерџиите“ се враќале од гостувањето кај Филаделфија, а кошаркарите во авион дознале дека еден од најдобрите играчи на сите времиња и легенда на Лејкерс починал во несреќа.

Ентони Дејвис откри што се случувало тој судбоносен ден во авионот на Лејкерс и објасни како го разбудил Леброн Џејмс за да му ја соопшти страшната вест.

Не можам да спијам во авион и обично гледам нешто на iPad. Гледав филм. Потоа, ги видов Двајт Хауард и Демиркус Казанс како ми велат да ги тргнам слушалките. Кога го сторив тоа само, Хауард рече: „Човеку, Коби загинал“.

Тие ми кажаа повторно Коби, но јас не можев да прифатам дека е тој. Неколку секунди после тоа се стаписав и не можев да верувам. Леброн спиеше во тој момент и тие ми објаснија дека Коби загинал во хеликоптерска несреќа.

Почнав да го будам Брон: „Разбуди се, разбуди се“. Сите потоа се вклучија на Интернет за да видат дали е тоа точно и што се случува. Дури и Џејмс не веруваше што се случило, беше во шок. Тој ни рече да престанеме да се шегуваме. Беше како филмска сцена. Беше неверојатно погоден од веста, Хауард побегна во тоалетот, но сите го слушнавме како плаче. Тоа беше најдолгиот лет досега за мене.