Една од најчудните технички грешки во историјата на НБА (ВИДЕО)

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Ленс Стивенсон, заработи техничка грешка на дуелот против Шарлот, а таа судиска одлука го изнасмеа цел свет.

Откако погоди тројка, Стивенсон почна да слави имитирајќи дека свири на гитара, а судијата процени дека овој негов потег заслужува техничка грешка.

Никој не можеше да поверува дека за вакво нешто беше покажана лична грешка и секако дека таа е една од најчудните во историјата на НБА.

По мечот, играчот на Лејкерс изјави:

„Не знам. Претпоставувам дека на судиите не им се допаѓа мојата прослава со гитара“, изјави Стивенсон.