Една година не играше кошарка, а сега е во топ-10 на вечната листа на стрелци (ФОТО)

Пред година ипол многумина сметаа дека кариерата на Кармело Ентони е завршена, но и покрај тоа кошаркарот се запиша во историјата и влезе во друштвото на десет најдобри стрелци во НБА-лигата во историјата.

Ентони во поразот на Портланд од Атланта (114-123) постигна 14 поени и се искачи на 10. место на вечната листа со стрелци. Мело е блиску и до деветтата позиција, која ја има Мелоун со 27.409 поени, што значи дека на кошаркарот на Портланд му требаат уште 92 поени за да го премине на листата.

Кариерата на Ентони тргна во надолна линија уште додека играше во Њујорк никс, кој не можеше да се ослободи од него поради клаузула во договорот. Мело во 2017 година се пресели во Оклахома, но не се прилагоди во тимот на Расел Вестбрук и Пол Џорџ, а потоа замина во Атланта, која неколку дена подоцна го раскина договорот со него.

Во 2018 година потпиша за Хјустон, но ниту таму не се прилагоди на тимот на Џејмс Харден и Крис Пол, па по 10 меча го загуби местото во тимот, а следен негов чекор беше преселба во Чикаго, кој го отпушти.

Никој не му даваше шанса до крајот на сезоната, како ниту на лето, а и тој самиот полека почна да се откажува од кариерата, но на крајот на 2019 година, по година и 11 дена откако заигра последен пат, Мело потпиша за Портланд.