Ѕвезди во подем: Дончиќ асистираше со „затворени очи“, а Богдановиќ редеше тројки! (ВИДЕО)

Селекцијата на САД излезе како победник во пресметката против селекцијата на Светот (161-144) во мечот „Ѕвездите во подем“ одигран рано утринава по македонски време во склоп на олстар-викендот во Шарлот.

Тоа беше натпревар без одбрани, во кој играчите си се поместуваа само за да има реализација, за што најдобар показател е и вкупниот број постигнати поени. Атракции имаше во изобилство, а беа реализирани вкупно 37 тројки. Најдобар на тернеот беше бекот на ЛА Лејкерс, Кајл Кузма, кој постигна 35 поени за што на крајот го доби и МВП-признанието.

Кај Светот најдобар беше Бен Симонс (Австралија), кој постигна 28 поени, повеќе од солидни беа Србинот Богдан Богдановиќ со 15 поени (пет тројки) и Лука Дончиќ, кој средбата ја заврши со 13 поени и девет асистенции, меѓу кои имаше и такви со „затворени очи“.