НБА-ѕвезда играше во претквалификациите за ЕП и славеше како да освоил титула (ВИДЕО)

Клинт Капела е еден од најдобрите играчи на Хјустон рокетс изминативе неколку сезони во НБА-лигата. Тој летово играше за својата репрезентација Швајцарија во претквалификациите за Евробаскетот во 2021 година. 

Тој ја водеше својата селекција до пласман во главните квалификации, откако на последниот натпревар им требаше победа од 20 поени разлика против Исланд. Швајцарија славеше со 109-85 и стигна до главните квалификации.

Капела имаше дабл-дабл ефект од 18 поени и 15 скока.

Ѕвездата на Хјустон е добар пример за сите НБА-кошаркари кои одбиваат да играат за своите репрезентации во текот на летото, без разлика дали се работи за квалификации или големи натпреварувања. По натпреварот Капели ги честел сите свои соиграчи со по 2.000 долари премија.