Ѕвезда на Голден Стејт му се приклучува на Леброн Џејмс во Лејкерс

Лос Анџелес лејкерс имаа проблем да привлечат големи кошаркарски ѕвезди во својот тим по пензионирањето на Коби Брајант. Раководството на тимот реши да го подмладува ростерот со млади играчи, а од ова лето со доаѓањето на Леброн Џејмс работите комплетно се менуваат. 

Младото јадро е тука, составено од Џош Харт, Брендон Инграм, Кајл Кузма и Лонзо Бол, но за Лејкерс да се вратат во конкуренција за титулата потребни се суперѕвезди. Најголемата летово пристигна во „Стајплс центарот“, но на тренерот Лук Волтон му е јасно дека е потребен барем уште еден екстра кошаркар за да се урне династијата на Голден Стејт.

Токму од овој тим Лејкерс ја гледаат својата следна амбиција. Според американските медиуми, Кевин Дурент веќе одлучил идното лето да се пресели во редовите на Лејкерс и да му се придружи  на својот добар пријател Леброн Џејмс.

„Како што Леброн го планираше своето доаѓање во Лос Анџелес една година наназад, а можеби и повеќе, така и Кеј Ди го планира своето сега. Тие сакаат да го формираат најсилната двојка во историјата на кошарката, а потоа Дурент да биде главен играч на Лејкерс, кога Леброн ќе се пензионира“, пишува американскиот новинар Брендон Робинсон.

Јасно е дека Леброн Џејмс самиот не може да ги издигне Лејкерс иако тимот летово се засили со неколку искусни играчи како Џавал Мекги, Ражон Рондо, Ленс Стивенсот и Мајкл Бизли. Кевин Дурент во летото 2019 година е слободен агент, а ако реши да премине во Лејкерс, тогаш јасен ќе биде главниот кандидат за титулата во сезоната 2019/2020.