Џордан продаде дел од акциите на Шарлот

Поранешниот кошаркар Мајкл Џордан продаде дел од акциите на својот НБА-клуб на бизнисмените Гејб Плоткин и Даниел Сандхајм.

Џордан смета дека влегувањето на бизнисмените во Шарлот ќе му помогнат на тимот.

„Нивното влегување во клубот е непроценливо, ќе ни помогне во модернизација и имплементација на нови технологии. Двајцата бизнисмени поставуваа индустриски стандарди, па тие се докажани лидри“, порача Џордан.

Нема засега информација колку пари заработил Џордан со продажбата на клубот, кој во 2010 година го купи за 275 милиони долари, а во моментов вреди 1,3 милијарди според „Форбс“.