Џордан ги откри последните пораки со Коби: Заедно со него умре и дел од мене... (ФОТО)

Еден од најдобрите кошаркари во историјата Мајкл Џордан откри како изгледаат неговите последни пораки со трагично загинатиот Коби Брајант, кој во сабота ќе влезе во Куќата на славните.

„ЕСПН“ го контактираше Џордан, кој откри што се случувало на 8 декември 2019 година, односно 49 дена пред несреќата на Коби со хеликоптерот, а во јавност се појавија и пораките кои си ги разменувале двете легенди.

„Оваа текила е неверојатна“, напишал Брајант, по што Џордан му се заблагодарил, а потоа тие двајца разговараат за нивното семејство и си ги честитаат празниците.

„Еј, тренеру, седам тука на клупата и го растураме овој тим. Во моментов е 45-8“, додава поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс.

Џордан беше многу тажен по смртта на Коби, а тоа можеше да се забележи и на прес-конференцијата која ја одржа тогаш.

„Кога умре Коби, си замина и дел од мене. Не знам зошто, ама не можам да ги избришам тие пораки“, вели Џордан.